Браќа од Грчец објавувале порнографски содржини на Фејсбук од малолетно девојче

Деветнаесетгодишниот С.М. и неговиот 15-годишен брат двајцата од с. Грчец, заработија кривични пријави бидејќи во период јули-август годинава, користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук, во повеќе наврати по електронски пат примиле и на повеќе лица испратиле и прикажале порнографски материјал со 12-годишно девојче од Скопје.За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и казниво по член 193 и 193-А, од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот С.М. му е одземена патната исправа, забрането му е да го напушта домот во кој живее и задолжително еднаш во неделата да се пријавува во надлежен Суд.
Имено, пријавениот кон крајот на јуни 2016 година на социјалната мрежа „Фејсбук”, остварил контакт и станал пријател 12-годишно девојче од Скопје, со кое почнале да си разменуваат електронски пораки. По одреден временски период, истиот остварил и неколку физички контакти со девојчето при што во повеќе наврати барал од неа да се слика во компромитирачка положба и сликите со порнографска содржина да му ги прати во порака на неговиот фејсбук профил. Откако на девојчето му испратил негови фотографии со порнографска содржина, малолетникот побарал од неа да сними порнографско видео на кое таа ќе врши полови дејства, при што истата тоа го направила и снименото видео му го испратила во електронска порака.
Во текот на кратката врска која пријавениот малолетник ја имал со девојчето во повеќе наврати по електронски пат си рамениле фотографии и видеа со порнографска содржина, за да кон средината на август 2016 година, наеднаш ја прекине комуникацијата со девојчето и и’ се закани дека целиот порнографски материјал снимен со неа ќе го препрати на нејзините пријатели.
На 16-ти овој месец, малолетникот го испратил порнографскиот материјал на 11-годишна другарка на девојчето, а потоа целокупниот порнографски материјал му го покажал на неговит брат С.М., кој пак и’ испратил електронска порака со порнографска содржина на оштетеното девојче и  и’ се заканил дека  јавно ќе го објави целокупниот порнографски материјал од неа доколку таа не оствари физичка средба со него.
По ова, девојчето за заканите раскажало на својата мајка, која случајот го пријавила во полиција. Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал, браќата од с. Грчец се повикани во станица за да дадат изјави.
Од извршените проверки, во присуство и со дозвола на пријавените, полициски службеници од Единицата извршиле преглед на содржината на телефонските апарати, како и на електронската комуникација која пријавените ја воделе на социјалната мрежа „Фејсбук“, при што се откриени поголем број на фотографии и видео материјали со порнографска содржина.За стореното кривични дела „прикажување порнографски материјал на дете“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија&ldq

Пронајдете не на следниве мрежи: