„Бракот на мојата сестра близначка се растури, па инсистирав да се омажи за мојот маж“

Вики Дагер(44) од Солт Лејк Сити се омажила за Џо во исто време кога и нејзината роднина Алина. Џо претходно се забавувал со нејзината сестра близначка, Валери, која подоцна се омажила за Доналд кој веќе имал четири жени. Тие се воспитувани како мормони, па полигамијата им е сосема нормална работа. Кога бракот на Валри западнал во криза, Вики и понудила да се омажи за нејзиниот сопруг и да му биде трета жена.Сестрата на Вики, Валери го запознала Џо кога имала 15 години и Вики веднаш забележала дека Џо ја привлекува и нејзе.
„Во истиот момент и јас се вљубив во него. Неизбежно беше да се сретнеме, бидејќи мојата сестра се гледаше со него, но по неколку години успеав да го добијам човекот на мојот живот“, вели Вики.
Џо, Валери и Вики се воспитани како мормони, а тие се познати по тоа што практикуваат полигамија. Мајката на Вики и Валери е една од трите жени кои нивниот татко ги имал така да нив таа работа ни малку не им е чудна.
„Нам од секогаш ни пречеше што не гледаа како една личност – близначки. На 17 години Валери се омажи за Доналд, кој веќе имал четири жени и осум деца, но тоа не и пречеше“, раскажува Вики.
Така Вики добила шанса да биде со љубовта на својот живот и почнала да се забавува со Џо. Кога Вики се омажила за Џо во 1990, тој се оженил и со нејзината роднина Алина. И Алина се забавувала со него веќе неколку месеци кога сите тројца одлучиле дека треба да стапат во брак.
„Ние две никогаш не сме биле во исто време во кревет со Џо, но делевме се останато. Се вселивме во иста куќа и таа наскоро остана брамена, а по осум месеци и јас. Работевме како тим и се функционираше совршено“, објаснува Вики.
Но тоа не било случај со бракот на Валери. Таа и Доналд биле пред развод.

„Сакав мојата сестра да биде среќна, да има се што сум имала и јас. Џо имаше се што една жена може да посака од еден маж. Кога ми падна на ум тој да се ожени и со Валери, ми треба неколку дена за да му го соопштам тоа. Му реков дека мислам дека и таа е дел од семејството и дека нема да биде проблем. Беше шокиран од од мојот предлог и ми рече  дека не е подготвен за тоа. Стравувал дека тоа ќе создаде емотивни и финансиски проблеми“, вели Вики.
Вики решила да не го притиска, но по неколку месеци повторно ја започнала таа тема кога Џо Aлина и таа отишле да ја посетат Валери.
„Реков пред сите дека Валери треба да се омажи за Џо. Претходно разговарав со Алина  и таа се согласи. Џо и Валери рекоа дека ќе размислат и по месец дена се свршија. Плачев од среќа„, вели таа.
Валери се преселила кај нив со своите пет деца, а во октомври 2000 се омажила за Џо.
„Церемонијата беше едноставна на која присуствувавме само јас и Алина. Иако бракот не е легализиран, ја прославивме својата нова заедница. Но морам да признаам дека ми беше тешко кога сестра ми и мојот сопруг заминаа на меден месец на Хаваите. Се плашев дека работите ќе бидат поинакви кога ќе се вратат. А кога се вратија, помислив дека ја сака повеќе од мене. Но тоа ми помина. Разговаравме за се и ги решивме работите“, признава Вики.
Кога сите три ќе излезат на вечера со Џо, се преправат дека се пријатели, а некогаш се менуваат па секоја излегува посебно со него.
„Тој секоја вечер спие кај друга и сите научивме колку е важно да се биде толерантен и флексибилен. Денес, 14 години откако Џо се ожени со Валери, ние имаме 24 деца и среќна организирана заедница“, вели Вики.Сестрата на Вики, Валери го запознала Џо кога имала 15 години и Вики веднаш забележала дека Џо ја привлекува и нејзе.
„Во истиот моме

Пронајдете не на следниве мрежи: