Веројатно повеќето од вас редовно користат uTorrent или сличен клиент за да ги следат своите омилени телевизиски серии и филмови, да ги слушаат омилените албуми и да ги играат најдобрите и најочекувани игри. Да се запознаеме со човекот кој го овозможи ова.Brem Cohen веројатно не е доволно познат во јавноста, иако тој е автор на p2p (peer to peer) BitTorrent протоколот кој е основата на формирањето на торентите какви што ги знаеме денес. Исто така, тој го создаде и првиот програм за споделување на податоци со помош на овој протокол, наречен BitTorrent.
Cohen е роден во 1975-та година, а посериозно започнал да се занимава со програмирање во доцните 80-ти години од минатиот век. Инспириран од успехот на програмите за споделување на податоци како Kazaa, тој сметал дека постои подобар начин за симнување на истите. Имено, преку Kazaa вие се „закачувате“ на еден клиент (компјутер) и ги симнувате податоците. Преку торент клиентот, вие се „закачувате“ на повеќе различни клиенти, со што се осигурува висока брзина при симнување на истите.
Повеќе на: GSM.mkBrem Cohen веројатно не е доволно познат во јавноста, иако тој е автор на p2p (peer to peer) BitTorrent протоколот кој