Членовите на Здружението на бранители „Бедем“ денеска пред споменикот на бранителите кои загинаа во конфликтот во 2001 година во паркот Суитлак во Штип порачаа дека ја поддржуваат Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и ги повикаа граѓаните вечер да излезат масовно на протест, кој почнува во 18 часот пред Соборниот храм „Свети Никола“.Претседателот на Здружението на бранители „Бедем“-Штип, Донче Димитровски рече дека бранителите секогаш стојат на браникот на Република Македонија.
– За одбрана на Македонија неколку наши членови сограѓани од Штип во 2001 година ги положија своите животи. И денес цврсто стоиме во одбрана на унитарниот карактер на нашата држава и се спротиставуваме на прифаќање на странска платформа, како основа за политичко дејствување и услов за формирање на Влада, рече Димитровски.
На граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ поддршка даваат и наставници по македонски јазик од основните училишта во Штип. Магдалена Ангелевски наставник по македонски јазик во ООУ „Тошо Арсов“-Штип истакна дека македонскиот јазик е најреферентно обележје на македонскиот народ.
-Да се занемари македонскиот јазик значи да се занемари естетиката на македонската историја, меморија и современост.Долговековното постоење на македонскиот јазик е наша гордост и затоа со сите сили треба да се бориме да го зачуваме и да ја продолжиме традицијата на неговото опстојување, како што го правиле нашите предци. Напиот јазик е свет јазик, зачетокот го има уште во првиот литературен јазик на словените, старо словенскиот јазик, кој покрај хебрејскиот, старо грчиот и старо латинскиот јазик е меѓу четирите јазици во светот со кои официјално се ширело христијанството, се преведувале светите книги, вели Ангелевски.
Таа потенцираше дека човек да се откаже од својот мајчин јазик значи да се откаже од својот народен дух. Затоа како што рече Ангеловски мора да се милува мајчиниот јазик, како што го правеле нашите прадедовци.
– Таква милост кон нашиот јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да му останеме верни на духот на нашите прадедовци. Милоста кон нашиот народен јазик е наш долг и наше право, вели Ангеловски.
Групата наставници по македонски јазик од Штип ги повикаа граѓаните да ја поддржат иницијативата „За заедничка Македонија“ и да излезат на мирни протести во Штип.Претседателот на Здружението на бранители „Бедем“-Штип, Донче Димитровски рече дека бранителите секогаш стојат на браникот на Република