Бранко Црвенковски денеска одржа мини прес конференција во Градкиот парк, фалејќи се за успесите во првиот круг на овие локални избори, како и за своите дела кои ги има оставено зад себе.
Во прилог прочитајте го интегралниот текст на Бранко:
Бидејќи целата година за моиве од СДСМ е први април, решивме нашиот значаен ден, можеби и најважен, денот на лагата, да го прославиме еден ден порано на 31-ви март.
Велат во СДСМ немаме програма. Па што ќе ни е нас програма. Ние така без програма победивме во 1994-та година, во 2002-та, во 2004-та така јас станав претседател. И најпосле на народот што ќе му е програма кога ме има мене, јас знам како треба со Македонија. Тоа го покажав во деведесетите. Па јас ако не сум оставил дела, нема кој друг. Затварањето на Славија, Треска, Порцеланка, Железара, Центро, Алумина, Газела, се моите дела. Мое дело е и ТАТ. Јас имам оставено 200.000 дела, затоа што оставив 200.000 невработени.
Исто така мое дело е и шверцот на цигари и нафта. Ако не ми верувате прашајте го Магаш. Тој самиот ќе ви потврди. Велат сме изгубиле насекаде во првиот круг на локалните избои, абе луѓе какво губење, па ние само им даваме предност. Јас знам што сака народот. Народот ме сака мене, јас сум подобар од секоја програма. Не можам да постигнам бе брат од што ме сака народот.
Па тоа се виде во првиот круг. наместо програма ние делиме брашно, наместо дела ние збориме за демократија, што е исто како да зборувате за глобалното затоплување, за демагогија и философија.
Тоа нас ќе ни носи иднина, а не некави дела. Нема што тука да се размислува, тука треба да се одработи. СДСМ е единствена. Заминувањето на Стевчо, Бузлевски, Минов, Младенов, не е ништо. Со Јани Комитата, со Игор Шемата, со Ана, со Нате, со Цветанка сме непобедлив тим.
Само што не сме победиле. Затоа ако народот сака враќање на моето време и моите дела, на времето кога не се плаќаше данок, кога фирмите јас ги приватизирав, изберете ме мене и СДСМ. Тоа е иднината која ви ја нудиме.
Погледнете сами – дефилација на маска.
Преку овој говор беше реализирана пародија на Бранко Црвенковски во Градскиот парк во Скопје.Бранко Црвенковски денеска одржа мини прес конференција во Градкиот парк, фалејќи се за успесите во првиот круг на ови