Гласот на Бранко Илиевски кој на вљубениците во италијанскиот фудбал им е добро познат, вечерва повторно се слушаше од коментаторското столче во дуелот меѓу Вардар и Фенербахче.За фановите на Вардар, кој обезбеди историски пласман во Европа Лигата, вечерва останува да ечи реченицата на Илиевски „Вардар е Македонија, Македонија е Вардар“.
Илиевски кој го коментираше преносот од натпреварот емитуван на ТВ Нова, по победата на Вардар, најде момент за да се израдува на историскиот успех на фудбалскиот клуб. Социјалните мрежи се полни со пофални зборови за него, а некои дури и мислат дека токму Илиевски е среќата на „Вардарци“.
За фановите на Вардар, кој обезбеди историски пласман во Европа Лигата, вечерва останува да ечи реченицата на Илиевски „Вардар е Македонија,