Братот на монструмот од Зајечар: „Скотот треба да се убие!“

Српските медиуми на големо пишуваат за грозоморното убиство на тригодишното девојче од селото Вратарница.Според „Блиц“ убиеното девојче било на роденден во куќата на братот на убиецот, кој организирал роденден на својата ќерка.Жртвата пристигнала на прославата со својата мајка, а таму бил и убиецот, Владица Рајковиќ.
Понатаму „Блиц“ пишува дека во еден момент Владица го одвоил детето на страна, ја изнесол надвор од куќата, а потоа им се изгубил секаков траг.
Мајката на девојчето околу 21 часот сфатила дека малечката Анѓелина ја нема, а потоа и останатите гости забележале дека и Владица веќе подолго време е отсутен од роденденската забава. Сите гости веднаш тргнале да ги бараат.
Вујкото на тригодишната А.С. го сретнал Владица на улица и го прашал каде е девојчето, а монструмот одговорил дека ја оставил на автобуска станица, а тој и се враќа на забавата.
По неуспешната потрага, мајката го пријавила исчезнувањето на девојчето во полиција, а гостите им изјавиле на полицајците дека се сомневаат во Владица.
Според „Блиц“, Владица се обидел да побегне, но полицијата го фатила и по кусото испитување тој признал дека го силувал малото девојче и дека го претепал до смрт. Притоа објаснил дека телото на девојчето се наоѓа на 600 метри оддалеченост од куќата каде се одржувала прославата.
Според изјавите на соседите, вујкото на несреќното девојче при разговорот со Владица не забележал траги од крв, бидејки монструмот веќе ги измил рацете во реката Тимок, потоа отишол дома каде се пресоблекол и се вратил на роденденот.
Кога братот на Владица слушнал што се случило извикувал: „Скотот треба да се убие“, удрил во тракор, по што си ја повредил раката.
Нивниот татко Небојша на полицијата и раскажал дека се сомнева оти Владица убил и друга жена од нивното село, која исчезнала пред 20 дена.

Соседите за „Блиц“ раскажале и дека Владица во селото бил познат како проблематична личност. Крадел, пиел и постојано запаѓал во неволји. Неговиот роден брат се иселил од куќата, бидејки неможел да живее и чува дете покрај него.
Владица и Перица уште како деца биле оставени од својата мајка, па затоа соседите мислат дека е можно тоа да има длабока трага на нив.Според „Блиц“ убиеното девојче било на роденден во куќата на братот на убиецот, кој организирал роденден на својата ќерка.Жртвата прист

Пронајдете не на следниве мрежи: