Вардар патува во Ѓер…ЖРК Вардар со едната нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите односно фајнл-фор турнирот во Будимпешта и оваа година откако во првиот натпревар на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ беше подобар противник од актуелниот европски шампион Ѓер со 24-18.
Одлична игра во финишот од сезоната прикажуваат избраничките на Индира Кастратовиќ и се чини по не толку сјајната сезона формата беше темпирана за завршницата.
Комплетниот состав покажа карактер каков и што се очекуваше. Предводени од одличната на голот капитенката Ина Суслина која успеа да фати дури 14 топки и нејзината замена Амандин Лејно која успеа да фати три пенали од истотолку удари.
Одбраната фунцкионираше беспрекорно. Да се дозволи на еден европски шампион да даде само 18 гола, тоа значи дека комплетно е прочитан противникот. Во нападот на моменти брзоплето но со многу разноликост со успешни контранапади, фантастичната игра беше крунисана со големи шест голови разлка.ЖРК Вардар со едната нога е во полуфиналето од Лигата на шампионите односно фајнл-фор турнирот во Будимпешта и оваа година откако во првиот натпрев