„Бразди“: Новите проекти на Владата ќе го унапредат земјоделството

Мега проектот за подобрување на условите во земјоделскиот сектор анализирани и во специјализираната емисија за земјоделците „Бразди“ која се емитува секоја недела наутро на Канал 5.Ваквите низа проекти кој ги најави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оценети како мерки кој ќе го преструктуираат земјоделството во уште попрофитабилна стопанска гранка..Пакетот мерки кои се наменети за земјоделците беа на некој начин заокружени со деновиве објавената последна од низата мерки за враќање на животот на село.
Од град во село за нов почеток – е најновиот проект  кој го најави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ,Никола Груевски во земјоделството со кој се заокружува цел сет мерки кој треба да го подобрат животот на село  и ќе го  направат земјоделството уште поисплатлива стопанска гранка.Сите граѓани кои ќе се одлучат да се преселат на село и таму да се занимаваат со земјоделство ќе им бидат понуден  исклучително поволен пакет мерки и бенефиции кој опфаќа  парични средства за купување, доизградба или реновирање на куќа на село, бесплатно земјиште за работа и искористување на бројните мерки кои им стојат на располагање на земјоделците.
Оваа мерка можат да ја искористат лица кои претходно живееле во село, а сега се преселиле во град и се уште имаат имот во селото каде живееле. Мерката можат да ја искористат и оние кои отишле во град а немаат куќа во село. Исто така, мерката им е на располагање на лицата кои живеат во град и се невработени или  пак вработени, но со многу ниски примања, односно целото семејството не ја надминуваат просечната нето плата од 21.800 денари.
Проектот од град во село за нов почеток следи како заокружување на претходно најавените неколку проекти од страна на Груевски во земјоделството и како мерка е слична со ваквите мерки кои ги има и во земјите од европската унија..
Меѓу оние мерки кои што ги најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Груевски што предизвикаа големо внимание кај земјоделците беше Агро бизнис зоната во која на едно место ќе бидат застапени и сконцентрирани складишни центри, трговските компании,која  ќе овозможи собирање на свежото земјоделско производство и негова дистрибуција кон крајните потрошувачи, во и надвор од државата.
Распределбата на државното земјоделско земјиште е исто така клучна за зголемување на површините кои ги обработуваат за да можат да станат попрофитабилни заради што во моментов во тек се два огласи за издавање под закуп на 4.426 хектари државно земјоделско земјиште, во 20 општини во државата за површини над 3 хектари, со што се продолжува веќе воспоставената пракса за постојано објавување на слободното државно земјоделско земјиште под закуп што претставува постојано барање на земјоделците и компаниите од агро секторот.
За зголемување на конкурентноста во земјоделството се покажа дека достапноста до водата особено во вакви климатски услови има пресудно значење. Со проектот за субвенционирање на 80% од трошоците за набавка на современите системи за наводнување капка по капка и за бушотините и оваа пречка земјоделците ќе можат да ја надминат. Секој од земјоделците кој ќе се одлучи и за сточарско производство за набавката на висококвалитетни грла ќе плати само 20% бидејќи примената на високвалитетни грла крави, овци кози ќе се субвенционира со 80% а за сите овие мерки техничка и научна поддршка дополнително ќе добиваат од приватните земјоделски советници.Ваквите низа проекти кој ги најави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски оценети како мерки кој ќе го преструктуираат земјоделството во уште

Пронајдете не на следниве мрежи: