Рикардо Азеведо од Сао Паоло, Бразил, направил чудесен мотор кој може да помине 500 километри со литар вода.Имено, акумулаторот на моторот го користи водородот од молекулите на водата и така генерира електрична енергија, со помош на која ова чудо се движи.
Рикардо во видеото покажа како тоа функционира, а пред да ја стави водата во резервоарот, испи неколку голтки за да докаже дека навистина се работи за вода.
Тој, исто така покажа и како моторот се движи. На овој начин сакаше да го промовира својот изум како еколошка машина.
– Предноста на овој изум кој го користи водородот од молекулите на водата е во тоа што издувните гасови се водена пареа. Тоа се разликува од бензинот кој дава јаглероден моноксид, рече тој.Имено, акумулаторот на моторот го користи водородот од молекулите на водата и така генерира електрична енергија, со помош на која ова чудо се движи