Бразилецот Инри Христо верува дека е реинкарнација на Исус Христос. Во светот има неколку стотици следбеници, а во Бразилија има основано и своја црква. Тој веќе 35 години проповеда за Бога. Од 1979 година пропатувал 27 земји проповедајќи за божјиот збор, но поради неговите контроверзни гледишта, бил протеран од САД, Велика Британија и во Венецуела. Бил уапсен 40 пати.
– Знам дека постојат безброј верници во Бразил и во светот чии срца чукаат заедно со моето – вели Инри.
Но, освен тоа што тој себеси се смета за реинкарнација на Исус, одбива да го слави Божик за кој вели дека е само еден обичен ден во кој богатите ги понижуваат сиромашните.
– Тоа е ден кога сите синови на богатите ги покажуваат даровите што ги добиле додека сиромашните деца добиваат само трошки. Тоа е многу тажен ден за сите оние што ги гледаат работите со мои очи – додава 66-годишниот Бразилец.
Инри вели дека го доживеал „откровението“ за време на верски обред во Сантјаго во Чиле во 1979 година. Тогаш го земал името Инри, кое потекнува од латинскиот акроним, кој се верува дека бил напишан на крстот за време на распетието на Исус.
Денес тој живее со своите следбеници во неговата црква преживувајќи благодарение на производството на банани, авокадо, манго и зеленчук. Повеќето негови следбеници се жени, а најстара е 86-годишната Абевера, која го следи веќе 32 години. Најмладата следбеничка има 24 година, а првпат го видела Инри кога имала само две години. Неговата црква е сместена на имот надвор од главниот град на Бразил, кој Инри го нарекува „Нов Ерусалим“. Во близина на објектот има и уште еден помал објект во кој Инри секоја сабота проповедува. Иако го сметаат за ментално болна личност, тој ги отфрла таквите обвинувања.
– Можат да зборуваат дека сум луд, но не сум глуп. Мојата мисија е да ги спремам избраниците, преживеаните во неизбежната нуклеарна катастрофа, која ќе кулминира во овој хаотичен свет за да формираме ново општество на Земјата, кое ќе настојува да ја исполни желбата на Создателот – вели Инри.
Извор: dnevnik.mkТој веќе 35 години проповеда за Бога. Од 1979 година пропатувал 27 земји проповедајќи за божјиот збор, но поради неговите контроверзни гледишта, би