Раскалашениот Усеин Болт од Јамајка, откако освои три златни медали во Рио, се разбуди во прегратка на девојка, но не својата девојка со која е две години, туку непозната 20 годишна студентка.Џади Дуарте, вели дека откако фотографиите се споделени на социјалните мрежи, умира до срам.
-Никогаш не сакав ваква слава, умирам од срам – рекла Дуарте, која фотографијата ја споделила по пат на Ватсап со своите пријателки, но не очекувала дека ќе ги види цел свет – рекла таа.
Локалните весници тврдат дека Дуарте не знаела кој е Болт, и покрај светската слава која овој спринтер ја има.
Раскажала како била со пријателите во клубот ОлИн на западот на Рио, кога Болт ја здогледал.
-Го прати обезбедувањето да ме викнат. Кратко поразговаравме, но тогаш не знаев кој е, бидејќи беше во друштво на луѓе од Јамајка кои слично изгледаа.
Се појавиле гласини и како Болт на Инстаграм ја следи Дуарте која е една од 104 луѓе кои ги следи, но докази за тоа нема.
Спринтерот кој во неделата наполни 30 години е во сериозна врска со Каси Бенет(26).Џади Дуарте, вели дека откако фотографиите се споделени на социјалните мрежи, умира до срам.
-Никогаш не сакав ваква слава, умирам од срам