Пред донесување на одлука за бразилска депилација, секоја жена се советува прво да се информира за сите детаљи на овој вид депилација и пред самата одлука да ги земе предвид сите предности и сите недостатоци на овој вид на разубавување на телото. Бразилска депилација е депилација во која се отстрануваат сите влакна од местото за бикини зоната, срамните влакна и Венеричниот брег. За време на бразилската депилација влакната се отстрануваат со восок, со нагли и брзи потези во спротивен праве од растот на влакната. Стручното лице го става восокот со помош на стапче, а восокот воглавно се состои од мед.
Пред да се согласите на бразилска депилација, проверете ја состојбата на салонот и прашајте ги своите пријателки за препорака. Доколку салонот во кој се нарачале бразилска депилација нема сертификат на ѕидот за овој вид третман, побарајте некој друг салон.
Козметичарката која ќе ви ја прави депилацијата, треба да има ракавици на рацете за време на третманот, а доколку нема, пред самиот третман треба да ги измие рацете со антибактериско средство, за да ги дезинфицира.
За време на бразилската депилација треба да се погрижите и за задникот, така што за време на третманот под него секако треба да ставите тоалетна хартија, со цел задникот и анусот да не бидат изложени на бактерии.
За време на секое ново нанесување восок на кожата, козметичарката мора да употребува нови дрвени стапчиња, за да не ви шири бактерии. Доколку видите дека козметичарката нанесува восок повеќе пати со истото стапче, побарајте и’ да го смени.
Целиот прибор којшто го употребува козметичарката мора да биде дезинфициран, а доколку за време на депилацијата на кожата ви се појават крвави рани, веднаш побарајте и’ на козметичарката малку памук со алкохол за да ја дезинфицирате раната и да го спречите крварењето.
По депилацијата морате кожата да ја негувате секојдневно со блага хидратантна крема, која во себе има и антибактериско дејство. Постојат посебни креми кои се употребуваат после депилација, а кои ќе спречат и поткожни влакна.
После депилација со восок, може да дојде до промена на кожата како што се изгореници, поткожни влакна или пукнатини, па добро би било неколку дена после депилацијата, да ја забележувате кожата и посебно да ја негувате.Бразилска депилација е депилација во која се отстрануваат сите влакна од местото за бикини зоната, срамните влакна и Венеричниот брег. За време на



