Британците гласаа за напуштање на Европската Унија, па многумина се прашуваат како ова ќе влијае на најсилната светска фудбалска лига – Премиерлигата. Сите клубови од Премиерлигата беа за останување на Велика Британија во Европската Унија и советуваа луѓето на референдумот да кажат „НЕ“ за излегување од ЕУ.Сепак, Британците изгласаа напуштање на Европската Унија, а сега прашањето е кои ќе бидат последиците од овој исход над англискиот фудбал.
Одвојувањето од Европската Унија значи дека над 400 фудбалери ќе мора да најдат нов ангажман на некое друго место, бидејќи не ги исполнуваат условите за да добијат работна дозвола.
Медиумите на Островот пишуваат за два клучни моменти, работните визи и падот на вредноста на фунтата што во основа ќе ги направи играчите надвор од Британија поскапи. Голем број на фудбалери добија работна дозвола бидеќи поседуваат пасош од ЕУ, но сега ќе треба да бараат виза како и останатите, а критериумите во Британија се прилично строги.
Меѓу играчи се Хектор Бељерин, Лоран Косјелни, Курт Зума, Нголо Канте, Емре Џан, Симон Мињоле, Антони Марсијал, Давид Де Геа, Хуан Мата, Морган Шналдерлин и Димитри Паје. Светла страна е тоа што сите сегашни договори ќе бидат испочитувани и системот за работни дозволи ќе се реформира во следните две години.
Покрај работните дозволи, проблем може да биде и девалвација на фунтата.
Несигурноста за тоа како ќе се одвива трговската размена помеѓу Велика Британија и ЕУ сигурно ќе предизвика пад на фунтата со што фудбалерите од странство ќе станат поскапи за клубовите од Премиерлигата.
Како што стојат денеска работите доколку некој клуб од „Островото“ сака да го купи Пол Погба од Јувентус и „Старата Дама“ бара 160 милиони евра за својата ѕвезда, клубовите од Англија ќе треба да одвојат 129,4 милиони фунти.
Но со паѓање на фунтата, клубовите ќе бидат приморани да одвојат уште неколку десетици милиони.
Исто така можно е да се зголеми и сметката за плати, доколку во договорите на играчите е напишано нивните примања да се исплаќаат во евра наместо во фунти.Сепак, Британците изгласаа напуштање на Европската Унија, а сега прашањето е кои ќе бидат последиците од овој исход над англискиот фудбал.