БРЕЈК А ЛЕГ – Светски Вицешампиони во ХипХоп

Огромен успех на танцовиот клуб Брејк а Лег на Светското Првенство во ХипХоп кое се одржа во Грац, Австрија каде учество земаа  над 3600 танчери од 30 земји.Во конкуренција на 55 репрезентации нашите танчери го освоија одличното второ место во Категоријата Хипхоп групи што е најголем успех во историјата на Македонскиот танц.
Уште едно финале и 5-то место во Светот избори и детската репрезентација , за нас второ последователно финале во исклучително силна конкуренција каде пласман во финале не успеаа да обезбедат тогаш актуелните светски шампиони  со што го потврдивме светскиот квалитет – изјави Андријана Петковски, главен тренер и кореограф во Брејк а Лег.
Во склоп на Светското првенство се одржаа и универзитетски игри во танц, каде Антевска Деана  се закити со златен медал во категорија соло жени, додека сребрен медал во соло мажи освои Бенџамин Џафери кој е и автор на вицешампионската кореографија.
Од останатите позначајни резултати ги издвојуваме : 9то место на Брејк а Лег Мамас , 10то место за Благоја Тодоровски (соло electric boogie)  и 15то место за сениорскиот тим од вкупно 35 сениорски репрезенации учеснички.Во конкуренција на 55 репрезентации нашите танчери го освоија одличното второ место во Категоријата Хипхоп групи што е најголем успех во историјата

Пронајдете не на следниве мрежи: