Се прашувате дали сте бремени? Раните знаци на бременост се разликуваат од жена до жена, но овие ги има речиси секоја бремена жена во почетокот на деветмесечното патување.1. Болни гради
Ако градите ви се необично отечени и ве болат, а се сомневате на бременост, тоа би можело да биде еден од првите знаци.
2. Утрешни мачнини
Може да ви пречат некои мириси и вкусови, кои претходно не ви пречеле. Ако почнете често да повраќате, наместо да зимате лекови на своја рака, посетете доктор.
3. Умор
Тоа е еден од најчестите први симптоми на бременост и најизразен е во првото тромесечје.
4. Глад
Мачнината и гладот на почетокот на бременоста одат една со друга. Кога не ви е мачно, веројатно сте гладни и имате желба за некоја храна, до таа мера, што сте опседнати со тоа.
5. Често мокрење
Поради тоа што матката се шири и го притиска мочниот меур, мокрите многу често.
6. Промени на расположението
Промените во расположението се нормален знак во бременоста, кои се предизвикани од многу вознемирените хормони.
7. Изостанок на менструација
Изостанокот на менструација е најчестиот знак по кој жените помислуваат дека се трудни. Меѓутоа, Може да биде и појава кај некои жени кои немаат редовен циклус. Од друга страна пак, можете да ја забележите бременоста со некои други знаци и пред да почнете да не добивате редовно.
8. Тест за бременост
Ако првиот тест е негативен, а другите знаци ви укажуваат на тоа дека сте бремени, пробајте со уште еден тест за недела дена. 1. Болни гради
Ако градите ви се необично отечени и ве болат, а се сомневате на бременост, тоа би можело да биде еден од



