Бремени сте? Дознајте дали треба да пиете кафе!

Ефектите од кофеинот за време на бременостаМногу од бремените жени, во оној момент кога ќе дознаат дека се бремени, веднаш го исфрлаат кофеинот од своето секојдневие поради стравот дека кафето може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
Но, новите истражувања од страна на американското здружение на обстетричари и гинеколози потврдуваат дека умереното земање на кофеин помалку од 200 mg во денот не го зголемува ризикот за спонтан абортус или предвремено породување.

 
Истото не може да се каже и за поголемите количини на кофеин, кажуваат од здружението во августовското издание на списанието Obstetrics & Gynecology.
“Многу години жените добиваа спротивни препораки за тоа дали треба да внесуваат кофеин за време на бременоста“ кажува Д-р. Вилијам Барт, претседателот на здружението. Имено тој истакнува дека по прегледувањето на сите научни факти, умереното дневно конзумирање на кофеин нема никакво негативно дејство во однос на спонтаниот абортус или предвременото породување.Многу од бремените жени, во оној момент кога ќе дознаат дека се бремени, веднаш го исфрлаат кофеинот од своето секојдневие поради стравот дека кафе

Пронајдете не на следниве мрежи: