Бременоста не е пречка за секс

Без разлика дали во бременоста сте незаинтересирани за секс или се чувствувате повеќе сексапилно од некогаш, поголемиот број на жени сметаат дека бременоста ги променува нивните сексуални животи, и тоа на неочекуван начин. Кога станува збор за сексуалната желба, многу парови доживуваат успони и падови за време на тие девет месеци.Поради тоа ќе ви откриеме како делува бременоста на вашето тело, на либидото, но и на вашиот однос со партнерот. 
Прво тромесечје
Повеќето, но не и сите трудници чувствуваат пад на либидото за време на првото тромесечје. Во овој период сте премногу изморени за да размислувате на секс, а болката во градите негативно влијае на вашата желба за допирање. Но, доколку не сте расположени, тоа е сосема оправдано. Една студија покажала дека дури 54 % од трудниците имаат намалена сексуална желба во првото тромесечје.
Второ тромесечје
За многу жени ова е златниот период од бременоста, посебно кога станува збор за секс. Уморот и мачнините се намалуваат, а со текот на времето повторно ќе се чувствувате секси. Што се однесува до физичките промени, вашиот клиторис и вагина се издолжуваат, поради зголемениот волумен на крв. Поголемит број на жени доживуваат оргазми повеќе пати во овој период. Имајте во предвид дека вашит партнер може да почувствува одредена непријатност плашејќи се да не го повреди бебето за време на сексот.
Трето тромесечје
Кога третото тромесечје се приближува кон својот крај, кај многу парови сексуалната активност се намалува. Однсно, големината на трудничкото стомаче на жената го отежнува водењето љубов. Но и покрај тоа, некои парови продолжуваат да уживаат во сексот сè до самиот пораѓај.
 
 
 
 Поради тоа ќе ви откриеме како делува бременоста на вашето тело, на либидото, но и на вашиот однос со партнерот. 
Прво тр

Пронајдете не на следниве мрежи: