– Забележан е раст на испораките за 3% од јануари до септември 2014 – Во Кина во првите три квартали испораките за прв пат ја надминаа бројката од два милиони автомобилиVolkswagen патнички возила испорача 4,56 милиони возила во првите три квартали од оваа година. Истиот период во 2013 година испорачани беа 4,43 милиони возила со што забележан раст од 3%. “Брендот Volkswagen патнички возила има поголема придобивка од останатите поради добриот развој на настаните во Западна Европа и поради позитивниот тренд во Кина, каде што за прв пат во првите три квартали испорачавме повеќе од два милиони автомобили”, изјави во Волфсбург Кристијан Клинглер, член на одборот за продажба и маркетинг на групацијата Volkswagen и на брендот Volkswagen патнички возила. „Целосно поинакви се состојбите во Русија поради моменталната неизвесност и во Јужна Америка каде што се забележува надолниот тренд на пазарот, Volkswagen минатиот месец секако не беше целосно имун на овие случувања ” – додаде г-дин Клинглер. Покрај сите предизвици, брендот во септември сепак забележа нагорен тренд, со 534 800 испорачани возила остварен е раст од 0,2%, за споредба во септември 2013 година беа испорачани 533 700 Volkswagen патнички возила. – Забележан е раст на испораките за 3% од јануари до септември 2014 – Во Кина во првите три кварт
Пронајдете не на следниве мрежи: