Brian May, соосновачот на Queen, порачува: Сите сме научници!

Првиот службен Ден на астероидите (Asteroid Day) ќе се одржи на 30 јуни 2015, на годишнината од „Тунгузката експлозија“ во 1908 година – најголемиот удар на астероид на Земјата во поновата историја.Discovery Science, глобалната телевизиска мрежа целосно посветена на науката, е службен партнер на оваа иницијатива. Преку посебната програма „Одбројување до Денот на астероидите“, гледачите на Discovery Science имаат можност да научат повеќе за астероидите, да учествуваат во натпревар и да ги следат промоторите на овој настан-угледни научници, астронаути и медиумски личности меѓу кои се: Lord Martin Rees, почитуван член на British Astrono­mer Royal, Richard Dawkins, експерт за биологијата на однесувањето, Brian May, астрофизичар и легендарен соосновач на бендот Queen како и Bill Nye, педагог, комичар, водител, писател и научник.
Погледнете го видеото во кое Brian May, помеѓу останатото објаснува како настанала неговата гитара и како порачува дека сите ние сме научници.
Можат ли научниците да го предвидат ударот од астероидите? Колку се чести ударите од астероиди? Одговор на ова и многу други прашања може да се проследат на денот посветен на астероидите кој е глобален проект чија цел е да ги едуцира луѓето за опасноста од астероиди, како и што може да направиме за да се заштитиме во ситуации како на пример, падот на метеорите во 2013 во Русија.

Discovery Science европски натпревар
По повод одбележувањето на Денот на астероидите, Discovery Science покренува посебен натпревар за гледачите на www.yourdiscoveryscience.com. За учество е потребно да се постават видео или фотографија кои најдобро би опишале како би се заштитиле од ударот на астероид на Земјата. Натпреварот трае до 30 јуни 2015, а пријавите ќе ги оценуваат експерти помеѓу кои Brian May од Queen, астронаутот Rusty Schweickart од вселенската мисија Аполо 9 како и режисерот на филмот „51 степен северно”, Grigorij Richters. Победникот ќе освои приватна прошетка на најголемите телескопи во светот на островот Ла Палма во Шпанија како и гостување на Discovery Science.Discovery Science, глобалната телевизиска мрежа целосно посветена на науката, е службен партнер на оваа иницијатива. Преку посебната програма &bdqu

Пронајдете не на следниве мрежи: