Брисел добива ново чоколадно село!

Белгија, која себе сака да се нарекува „земја на чоколадото“, денес ќе добие нова туристичка атракција: музеј, посветен на ова вкусно задоволство во стил на познатата фабрика за чоколадо „Вили Вонка“. Белгија, која себе сака да се нарекува „земја на чоколадото“, денес ќе добие нова туристичка атракција: музеј, посветен на ова вкусно задоволство во стил на познатата фабрика за чоколадо „Вили Вонка“.
Чоколадото се смета за национално богатство во Гелгија, земја во која се произведуваат познатите брендови како што се „Godiva“, „Neuhaus“, „Leonidas“ и „Cote d’Or“.
Музејот „Белгиско чоколадно село“, кој на 20 септември ги отвора своите врати за посетителите, се наоѓа во поранешна фабрика за чоколадо во Брисел, а нејзината цел е да ја прикаже занимливата историја на ова задоволство, кое сите го сакаат.

„Белгијците никогаш не ја негирале страста за чоколадо. Станавме земја на чоколадите“, изјави за АФП, дизајнерот на музејот, Анри Дипуи.
Во средината на музејот, се наоѓа стаклена градина, вистинска мала џунгла од какао стебла и други тропски билки.
Посетителите ќе можат да видат како чоколадото се конзумира во некои земји: во вид на топол напиток, како на пример во Холандија, во облик на мали слатки колачиња, кои се омилени во Белгија или како млечно чоколадо, кое најмогу го сакаат во Швајцарија.
Чоколадото е еден од главните производи во Белгија. Оваа членка на ЕУ произведува околу 172 000 тони чоколадо годишно. Белгија, која себе сака да се нарекува „земја на чоколадото“, денес ќе добие нова туристичка атракција: музеј, посветен на ова вкусно з

Пронајдете не на следниве мрежи: