Британец го идентификувал 13-годишниот син како еден од убијците на ИСИС

Британец го препозна 13-годишниот син во видео на Исламска држава што беше објавено минатиот петок, пренесе електронското издание на весникот „Фигаро“.На снимката се гледаат петмина курдски заробеници на колена, облечени во портокалови комбинезони. Тие се застрелани од деца во воени униформи.
Меѓу овие мали убијци Британецот си го препознал синот, однесен во Сирија од неговата поранешна сопруга Сали Џонс.
47-годишната Џонс го прифатила исламот во 2010 година и заминала во Сирија заедно со својот нов придружник во животот – радикализиран Британец. Таткото на 13-годишното дете-убиец, при идентификацијата раскажал дека не го видел својот син од три години, кого го опишува како радосно, мило и чувствително дете.
„Има сини очи и руса коса. Беше сосема нормално дете, многу паметно. Лут сум што мојата поранешна жена однесе едно невино дете, неспособно да го разликува доброто од злото. Во оваа возраст децата се лесно подложни на влијание. Би сакал да дознаам што натерало една мајка да го стави својот син во слична ситуација. Одвратно е како се промени нејзиниот мозок и мозокот на детето“ – додава Британецот, чие име не се соопштува.
Сали Џонс порано била панкерка, а денес е една од најбараните терористки во светот.
Вклучена е на црната листа на ОН. Таа го сменила своето име во Сирија како Сакинех Хјусајнел и е на чело на женската бригада на „Ал Хансаа“. Радикализиран нејзини пријател е убиен во 2015 година при удар со американски беспилотен авион.На снимката се гледаат петмина курдски заробеници на колена, облечени во портокалови комбинезони. Тие се застрелани од деца во воени униформи.

Пронајдете не на следниве мрежи: