Британи Мејнард (29) стана позната ширум светот откако објави дека ќе се убие на први ноември, бидејќи имала тумот на мозокот. Храбрата Американка потоа се соочи сокритики иосуди, но на крај сепак останала доследна и ставила крај на својот живот онака како што сакала- во својот кревет во прегратките на луѓетокои ги сакала.Тажната вест ја соопшти организацијата „Compassion and Choises“, за која Британи се борела до крај.
„Почина онака како што сакаше: мирно во својата спална соба, во рацете на луѓето кои ги сакаше“, соопшти организацијата. Британи ја зела смртоносната доза лекови која и ја препишал доктор во рамките на програмата „Смрт со достоинство“ и починала во саботата на први ноември.
Нејзиниото семејство потоа замолило за приватност, и се уште не дале офцијална изјава.
Приказната за младата Британи брзо се прошири низ целиот свет, откако на почетокот на октомври објавила видео во кое објаснува зошто сака да си го одземе животот. На Британи и бил дијагностициран тумор на мозок кој бил иноперабилен, и знаела дека ќе умре болно и мачно.
Сакала да го избегне тоа, па се преселила во Орегон, каде програмата „Смрт со достоинство“ е легална. Во рамките на ова програма, луѓето кои се терминално болни добиваат смртоносни лекови, кои можат да ги испијат и да го завршат својот живот.
Британи прво најавила дека ќе се убие на први ноември, но подоцна признала дека се чувствува како се уште да е рано. Таа исто така нагласила дека здравјето интензивно и се влошува, а изгледа дека нејзините напади станале толку лоши и донела одлука сепак да се придржи до првобитната одлука.
Последните денови од ивотот таа ги поминала исполнувајќи ја својата желба, па така помеѓу останатото успеала и да го посети Големиот кањон Колорадо само неколку дена пред смртта.
„Кога сите моите соништа би се оствариле, јас некако би го преживеала ова. Но тоа нема да се случи. Сакам мојата мајка да продолжи да живее и помојата смрт, и мојот маж да основа семејство“, рекла таа во последното видео кое го објавила.
Британи зад себе го оставила сопругот Ден, мајката Деби и очувот. На мајка и и ветила дека нејзиниот дух ќе ја чека на Макчу Пикчу, помеѓу старите инки, доколку мајка и некогаш одлучи да оди таму.
„Се плашам, но ќе одам. Ми рече дека ќе ме чека таму“, рекла нејзината мајка.Тажната вест ја соопшти организацијата „Compassion and Choises“, за која Британи се борела до крај.
„Почина онака како шт



