Британски кардиолог ја разбрани јавноста: Мастите го чуваат здравјето. Еве што дебелее!

Безброј пати досега сме слушнале дека мастите се штетни за здравјето бидејќи ги затнуваат артериите, го зголемуваат ризикот од болести на срцето, дебелеат… Но, британскиот кардиолог д-р Асим Малхотра го тврди спротивното.Нови истражувања покажуват дека непријател број еден на нашето тело е шеќерот. Д-р Малхолтра тврди дека полномасните производи се добри за здравјето и дека постојат бројни докази кои покажуваат дека мастите не само што не доведуваат до срцеви болести, туку исхраната која вклучува полномасни млечни производи штити од срцеви болести и од дијабетес тип 2.
Тој ги охрабрува своите пациенти да јадат масти и да избегнуваат „лајт“ производи.
„Им советувам на пациентите да јадат полномасни производи и намирници кои содржат заситени масти“ – вели д-р Малхолтра.
Тој објаснува дека сите производи кои наводно го снижуваат холестеролот, го зголемуваат ризикот од срцеви болести и додава дека мастите не се главен виновник за дебелината.
„Избегнував полномасни производи, тренирав, но сепак имав сало на стомакот. Тогаш почнував да го истражувам влијанието на мастите на здравјето“ – вели тој.
Малхолтра тврди дека најголема опасност по здравјето на човекот е шеќерот, а со него се согласува и педијатарот д-р Роберт Лустинг. И тој го проучувал влијанието на мастите и на шеќерот на дебелината кај децата и заклучил дека производите што содржат шеќер мора да имаат истакнати предупредувањата како што имаат цигарите или некои алкохолни пијалоци.
Се зголемува бројот на стручни лица кои сметаат дека главен виновник за прекумерната тежина и за некои болести не се мастите, туку шеќерите.
„Не се дебелеете од мастите, исто како што не станувате зелени од зеленчукот што го јадете“ – истакнува кардиологот, а д-р Гари Тобс предупредува дека дебелината нема врска со бројот на калориите, туку со она што го јадеме.
Во прилог на ова говори и фактот дека околу 23 отсто од популацијата во Шведска се придржува кон режимот на исхрана кој подразбира полномасни производи и помалку јаглехидрати.
Шведскиот експерт д-р Андреас Енфелдт кој ја смисли програмата за исхрана за помалку внесени јаглехидрати, а повеќе масти, истакнува дека многумина сметаат дека неговиот режим на исхрана е „темпирана бомба“, но додека во светот се зголемува бројот на луѓе со прекумерна тежина, додека во Шведска тој број се намалува.
Истражувањата на Шведскиот здравствен дом покажале дека токму таквиот режим на исхрана е најдобар не само за симнување килограми, туку и за намалување на кардиоваскуалрните болести кај луѓето кои се мачат со дебелината.

Пронајдете не на следниве мрежи: