Британските медиуми ги забранија карикатурите на „Шари едбо“

Соработничката на сатиричниот неделник Шарли ебдо, Каролин Фурест, за време на гостувањето на британската телевизија Скај Њуз ги обвини британските медиуми за предавство на новинарската професија затоа што одлучиле да не ја прикажуваат насловната страница на новиот број која ја сметаат за навредлива за муслиманите.Покрај тоа, Фурест се обидела да ја покаже насловната во емисијата што се емитувала во живо, на што прво реагирал снимателот поместувајќи ја камерата нагоре за насловната да не влезе во кадарот. Потоа реагирала и режијата која сликата ја преместила во студиото а водителката веднаш го прекинала интервјуто заблагодарувајќи и се на Каролин на гостувањето, а на гледателите им објаснила дека одлуката на уредништвото на Скај Њуз е насловната да не ја прикажуваат во својата програма. Дополнително им се извинила на гледачите ако делот од насловната кој успеал да влезе во кадарот можеби ги навредил.
– Многу сум тажна поради тоа. Новинарите во Велика Британија ја предадоа професијата. Сметаат дека луѓето не можат сами да одлучат дали карикатурата е навредлива или не е, па не ја прикажуваат, рекла во емисијата Каролин.
– Потполно е лудо што во Британија не може да се прикаже карикатурата, продолжила Фурест кревајќи го списанието во воздух по што реагирал снимателот.
– Скај Њуз одлучи да не ја прикажува насловната па посакуваме тоа да не го направивте. Им се извинувам на сите гледачи кои поради тоа се повредени, порача водителката Џаршини Давид.Покрај тоа, Фурест се обидела да ја покаже насловната во емисијата што се емитувала во живо, на што прво реагирал снимателот поместувајќи ја камера

Пронајдете не на следниве мрежи: