Бројката на загинати во немирите во Египет се зголеми на 525 луѓе

Насилството во Египет продолжува, а бројката нна загинати се искачи на 525.Бројот на жртвите во немирите во Египет се искачи на 525 лица, додека пак повредените се бројат во илјади. 
Поддржувачите на Муслиманските браќа упаднаа во една владина зграда во Каиро по што ја запалија. 
Во Египет на сила е вонредна ситуацијата, не рабоптат банките и берзата, а војска и полиција има на секој чекор на улиците.
Полицискиот час денес ќе трае од 21 до 6 часот изутрина.   
Шефовите на дипломатиите на ЕУ следната недела ќе разговараат за случувањата во Египет.
Американскиот претседател Барак Обама го осуди насилството на воените сили врз демонстрантите, и ги откажа заедничките воени вежби со Египет кои беа закажани за следниот месец.
Радикалната акција на војската со големо негодување беше дочекана од турскиот премиер Реџеп Ердоган кој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН. Ројтерс преку свои канали добил информација дека САД и ЕУ вчера со сета сила се обидувале да ја спречат египетската армија да интервенира, дека го уверувале генералот Ел Сиси оти таквиот потег ќе направи ненадоместлива политичка и економска штета, а од Вашингтон преку тајни дипломатски канали му упатиле и најотворени закани – но моментно најмоќниот човек во Египет останал на своето. 
Земјата на фараоните ги доживува најтешките мигови во поновата историја а досега заспаната светска дипломатија грчевиото се обидува да ја спречи речиси извесната граѓанска војна.
Притворот на Мохамед Морси е продолжен за уште 30 дена. Бројот на жртвите во немирите во Египет се искачи на 525 лица, додека пак повредените се бројат во илјади. 
Поддржувачите на Муслиманс

Пронајдете не на следниве мрежи: