Бројни инфраструктурни проекти во образованието

Нови 6 училишта ќе се градат или доградуваат оваа година,  информираат од министерството за образование. Во тек се подготовки на проектите. Се планира изградба на училишта во Горно Лисиче, Маџари,Студеничани, Визбегово, а доградба ќе се врши на објектите во Хром и тетовско Фалише.Во меѓувреме, според надлежните интензивно се реализираат претходно најавените инвестици во образовната инфраструктура. Од предвидената реконструкција на 60-тина училишта  годинава речиси две третини веќе се обновени. Нов изглед добија повеќе училишни објекти во охридско, кичевско, Македонски брод.
При крај е реконструкцијата и на други десетина училишта во неколку во Скопје, струшко, светиниколско. Со проектот се опфатени и градски, но и рурални средини, велат од министерството.
-Во делот на основното и средното образование, фактот што последен пат пред нашиот мандат, пред 2006 година, не се помни кога е изградено новото училиште, беше причина да инвестираме речиси 50 милиони евра за изградба на 74 нови училишни објекти и за санација и реконструкција на приближно 400 постојни. Само во изминатите, без малку 2 години изградивме 14 нови објекти и реконструиравме 50 училишта, изјави на 28.03 Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.
Како што информираат од ресорното министерство при крај е изградбата на новото основно училиште во Кисела Вода, а подготвен за првата генерација средношколци е и училиштето во Сарај.Во меѓувреме, според надлежните интензивно се реализираат претходно најавените инвестици во образовната инфраструктура. Од предвидената реконструкц

Пронајдете не на следниве мрежи: