Бројот на лицата кои загинаа во бродоломот во Јангце достигна до 396

Бројот на лицата кои загинаа при превртувањето на туристички брод „„Донгфангжиксинг“ во реката Јангце во јужната кинеска провинција Хубеј на 1 јуни, според последните податоци се искачи на 396, соопшти претставник на властите во Пекинг.Во време на несреќата на бродот имаше 456 патници и членови на екипажот. Повеќето од патниците биле на возраст меѓу 50 и 80 години. Бродот „Донгфангжиксинг“ („Ѕвезда на истокот“) пловеше од градот Нанџинг кон Чонгчинг во југозападна Кина.
Несраќата ја преживеаја само 14 лица, меѓу кои се и капетанот и главниот инженер на бродот, кои беа веднаш приведени.
Според кинеските државни медиуми, несреќата се случила кога бродот бил зафатен од силен циколн со ветер од 130 километри на час, по што пловилото се превртело. Хсинхуа јави дека на местото на несреќата, најголемата кинеска река Јангце била длабока 15 метри.
Весникот на владејачката Комунистичка партија на Кина, „Женмин Жибао“ објави дека превртувањето на бродот траело околку две минути, по што тој продолжил да се движи по реката уште три километри и конечно запрел во близина на речниот брег.
Бродот „Донгфангжиксинг“, кој е долг 76,5 и шиток 11 метри, можел да прими најмногу 534 лица.
 Во време на несреќата на бродот имаше 456 патници и членови на екипажот. Повеќето од патниците биле на возраст меѓу 50 и 80 години. Бродот &bd

Пронајдете не на следниве мрежи: