Бројот на туристи до октомври зголемен за 12.6 проценти

Бројот на туристи во октомври годинава изнесува 69.412, а на ноќевањата 155.719, што во однос на октомври  лани претставува зголемување за 12,6 отсто, односно за 9,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските од 12,8 отсто. Пораст од 13,5 проценти има кај бројот на ноќевања на домашните туристи, а  од 6,4 проценти на ноќевањата на странските туристи.
Во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за пет проценти, кај домашните за 5,3 проценти, а кај странските за 4,8 проценти. Во првите десет месеци годинава бројот на ноќевања е зголемен за 2,7 отсто, кај домашните туристи за 3,7 проценти, а кај странските за 1,3 проценти.Кај бројот на домашни туристи статистиката во октомви годинава споредено со октомври лани регистрирала зголемување за 12,3 отсто, а кај странските

Пронајдете не на следниве мрежи: