Бројот на загинати во пожарите што минатиот викенд избувнаа во Португалија се искачи на 43 лица, соопшти синоќа портпаролот на португалската Агенција за цивилна заштита Жорге Диас.Тој нагласи дека последното тело на жртва од пожарите е пронајдено вчера во близина на болница во градот Коимбра.
Во вторникот противпожарните служби успеаја да ги стават под контрола најголемиот број пожари, во што им помогнаа и врнежите од дожд и падот на температурите.
Португалската министерка за внатрешни работи Констанса Урбано де Соуса завчера поднесе оставка на функцијата, преземајќи одговорност за смртта на над 100 лица во овие и во пожарите што ја зафатија Португалија во јуни годинава.
Тој нагласи дека последното тело на жртва од пожарите е пронајдено вчера во близина на болница во градот Коимбра.