Бронзен медал за танчaрите со Даунов синдром од Македонија

Танчарите со Даунов синдром од танцовото студио „Дансерс јунајтед МК“ го освоија бронзениот медал на Светското првенство во модерни танци, што се одржува во Копенхаген, Данска.Екипата е составена од танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Оливер Блажевски, предводени од нивните ментори и тренери Сара Кочан, Нермин Кочан и Виолета Балшевска.
– Горди на нашите танчари, ја носиме бронзата во Македонија – рече Сара Кочан.
Танчарите од „Дансерс јунајтед МК“ се натпреваруваа во интегративна паратанц група во хип хоп. Првото и второто место во оваа група го освоија танчари од Германија.

Ова е второ учество на танчарите со Даунов синдром на Светското првенство во модерни танци.
 
 Екипата е составена од танчарите Ана Беќарска, Моника Бисовска, Христијан Стојанов, Дарко Ефтимовски, Ена Митревска, Александар Матовски и Ол

Пронајдете не на следниве мрежи: