Своето директорување со Агенцијата за млади и спорт (АМС), партискиот кадар на СДСМ Дарко Каевски го започна со вистинска брука. По освоеното второ место на Ф4 турнирот од Европската лига, македонските одбојкари синоќа самите си направија забава на скопскиот плоштад, откако не беа пречекани од никого.Машката одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат го освои сребрениот медал во Европската лига и уште еднаш го потврди квалитетот на талентираната генерација која четврти пат во низа беше дел од завршниот турнир. Во финалето одбојкарите со 3:1 загубија од Украина, но на земјава и го донесоа второто сребро од ова натпреварување.
Спортските портали во земјава коментираат дека за жал нивниот успех не беше одбележан достојно. Наместо организиран дочек од АМС, тие сами поминаа низ Порта Македонија, застанаа на плоштадот, ја отпејаа македонската химна и развија македонско оро, симболично прославувајќи го среброто што и оваа година ги кити нивните гради.
Наместо организиран дочек, АМС, новата влада и Каевски го оставија големиот успех на одбојкарите неодбележан. Новиот директор на АМС, на кого ова му е прва голема фунција, можеше да учествува во уништувањето и сквернавењето на Порта Македонија за време на „Шарената револуција“ на СДСМ, но замижа пред сребрениот медал и успехот на нашите одбојкари, па тие сами поминаа низ симболот на успехот на македонските спортисти, Инаку, поставувањето на Каевски на директорското место во АМС предизвика низа незадоволство и коментари по социјалните мрежи.
Машката одбојкарска репрезентација на Македонија по втор пат го освои сребрениот медал во Европската лига и уште еднаш го потврди квалитетот на тал