Шеесет и три годишниот Миломир С. од Краљево ги убил сопружниците Надежда (63) и Ратко Пантелиќ (71) поради долг од 15.000 евра што не сакал да им го врати.Убиецот испразнил цел шаржер од пиштолот врз жртвите кои ги начекал во дворот од нивата куќа во населбата Рибница во Краљево.
Во моментот на убиството Надежда во прегратка ја држела едногодишната внука, која со своето тело ја одбранила од куршумите кои летале насекаде.
– Мајка ми ја понесе внуката во драгсторот да и купи нешто. Таа со телото го штитеше телото на внуката за да ја заштити од Миломир кој почнал да пука. Девојчето беше под нозете на бабата, вели 37-годишниот син на жртвите, Александар.
Неофицијално, мотивот на убиството е долгот од 15.000 евра што Миломир одбивал да ги врати на семејството Пантелиќ. За тоа Ратко имал и добиено извршна судска одлука за наплата на долгот од Миломир.
курир.мкУбиецот испразнил цел шаржер од пиштолот врз жртвите кои ги начекал во дворот од нивата куќа во населбата Рибница во К