Брутално: Го фрлила кучето во бунар, бидејќи ветеринарот одбил да го успие!

Една девојка од Шибеник го однела кучето во ветеринарна амбуланта и побарала од ветеринарите да го успијат, иако кучито било сосема здраво. Ветеринаррот кој таму се нашол веднаш ја одбил ваквата идеја на девојката со објаснување дека успиваат само кучиња кои страдаат од некаква болест. После ова жената одлучила ладнокрвно да го фрли во бунар во Шубичевац.
Ветеринарниот доктор Марина, за порталот Шибеник.ин раскажала дека кучето било во лоша состојба, но било сосема здраво, а непознатата девојка само дошла во амбулантата и побарала да го убијат.
– Веднаш одбивме да го убиеме кучето бидејќи беше сосема здраво и доста  разиграно. Меѓутоа девојката го остави кучето пред амбулантата, а потоа го зема бидејќи ја предупредивме да си го прибере кучето.

Со оглед на тоа дека не и појде од рака со ветеринарите, девојката решила кучето да го фрли во бунар во шума кај Шубичевац. За среќа, кучето постојано лаело и квичело, па го чуле луѓето кои поминувале од таму.

– Поминав во близина на бунарот и слушнав лаење. Погледнав во бунарот и имаше што да видам, пас фрлен и оставен внатре. Дотрчав до автомобилот и со пријателите некако успеавме да го извлечеме надвор. Веднаш го однесовме на ветеринар, каде го препознаа кучето и ни раскажаа за жената која сакала да го успие кутрото куче, вели жената која го пронашла кучето, инаку членка на организација на млади во Шибеник.
Членовите на оваа организација ја пријавиле непознатата сопственичка на кучето во полиција за занемарување и негрижа за кучето, како и за злоставување на животни за што сопственикот според хрватскиот закон може да добие казна затвор од 2 години.
Се уште не се знае кој е сопственикот на кучето бидејќи дошло до некои проблеми со евиденцијата. Ветеринаррот кој таму се нашол веднаш ја одбил ваквата идеја на девојката со објаснување дека успиваат само кучиња кои страдаат од некаква болест.

Пронајдете не на следниве мрежи: