БРЗ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ: Направете го во три потези, без мака!

Ова е навистина брз рецепт, кој можете да го направите во два три потега. Сочен, чоколаден и фин вкус, се подготвува за миг!Посебна предност е тоа што за овој рецепт не мора ништо да мерите. Се се мери со шолја од 200 мл.  Почестете се, понекогаш и брзите колачи со состојки кои ги имаме дома, се се што ни треба!
Состојки:
– 2 јајца
– 2 шолји изрендани јаболка или моркови
– 1 шолја шеќер
– 1 шолја гриз или половина лажица гриз, половина лажица интегрлно брашно
– 1 шолја мелени ореви/бадеми/лешници
– 1 шолја млеко
– 0,5 шолја масло
– 1 лажица какао во прав
– 1 кесичка прашок за пециво
– 100 г вишни (не е обавезно)
Подготовка:
Јајцата добро измиксирајхте ги со шеќер – да станат пенасти. Додадете млеко, масло, какао. Помешајте. Потоа додадете јаболка, ореви, гриз, прашок за пециво и вишни. Се помешајте лесно, да се соедини.
Излијте во подготвен калап и печете на 180 степени. Со чепкалка за заби проверете дали е колачот печен.
Чоколадна глазура:
– 100 г чоколадо
– 70 г маргарин
Маргаринот и чоколадото стопете ги на пареа.
Уште топлиот колач прелијте го со глазура. Оставете да се олади.
Уживајте!Посебна предност е тоа што за овој рецепт не мора ништо да мерите. Се се мери со шолја од 200 мл.  Почестете се, понекогаш и брзите колачи со

Пронајдете не на следниве мрежи: