Брз и здрав ручек: Вкусна крем супа од грашок!

По овие празници добредојдено е да го „изненадите“ организмот со лесен, а покрај тоа брз и здрав ручек за целото семејство.Ова се потребните состојки за крем супа од грашок:
1 кг грашок
3 главици кромид
3 моркови
2 поголеми компири
3-4 поголеми чешниња лук
300 мл неутрална павлака
бибер
вегета
500 гр јунешко месо
2 коцки за супа
Подготовка на крем супа од грашок:
Пропржете го ситно исецканиот кромид во малку масло. Кога убаво ќе се испржи, додадете ситно сецкан морков и грашок, помешајте ги убаво состојките и додадете сецкани компири. Полијте ја смесата со вода (околу 1-1,5 литри или по воља). Додадете ги месото и коцките за супа. Потоа додадете и вегета.
Кога ќе ги сварите намирниците, исцедете го зеленчукот од течностите и убаво измиксајте во блендер. Сочувајте ја течноста. Исецкајте го месото на ситни коцки или можете и него да го ставите во блендер.
Испржете го и лукот со мала лажичка масло и штом ќе замириса налејте со водата во која го варевте зеленчукот. Додадете ги измиксаниот зеленчук и неутралната павлака, малку бибер и сѐ убаво промешајте. Ако е премногу густо, додадете уште малку павлака или млеко.
Наздравје!Ова се потребните состојки за крем супа од грашок:
1 кг грашок
3 главици кромид
3 моркови
2 поголе

Пронајдете не на следниве мрежи: