Брза диета: стопете ги килограмите за 3 дена

Оваа диета трае само три дена и освен што со неа ќе стопите масни наслаги, ќе успеете и да го исчистите организмот од разни токсини кои се наталожиле во вашиот организам. Прв ден
Појадок: Консумирајте обезмастен овошен или обичен јогурт со овесни снегулки.
Ручек: Во маслиново масло продинстајте зеленчук и на крај помешајте го со варен ориз, додадете малку сол и бибер, а за десерт земете овошен јогурт (се разбира тој да биде со мала масленост).
Вечера: Исечкајте еден морков, јаболко и 50 грама шунка, сето заедно пропржете го во маслиново масло и врз него прелијте јогурт.
Втор ден
Доручек: Измешајте краставица исечена на коцки со јогурт
Ручек: Мисиркино месо исечкано на коцки на кое ќе му додадете малку сол и бибер пропржете го накратко во маслиново масло и додајте му печурки, домати и пиперка. Кога сето тоа ќе омекне додадете јогурт.
Вечера: Две чаши јогурт прелијте врз некое овошје (киви, праски, круши,…).
Трет ден
Доручек: Исечете на парчиња сирење, јаболко, додајте малку цимет и сето ова прелијте го со јогурт.
Ручек: Испечете 150гр. филе од ослиќ со салата од сечкана краставица со јогурт и малку сенф.
Вечера: Сварете 100гр. тестенини и додадете една исечкана пиперка, едно варено јајце. Се заедно се меша со јогурт .Прв ден
Појадок: Консумирајте обезмастен овошен или обичен јогурт со овесни снегулки.

Пронајдете не на следниве мрежи: