Обидете се да подготвите вкусен ролат со кокос.Потребни состојки:
100 грама брашно
100 грама шеќер
1 лажица густин
1 лажичка прашок за пециво
½ лажичка сода бикарбона
3 јајца
Крем:
250 милилитри хопла
100 грама џем по желба
1 лажица шеќер во прав
Прелив:
150 грама чоколадо за готвење
150 милилитри хопла
100 грама кокос
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот и додадете брашно, густин, прашок за пециво и сода бикарбона.
Добро измешајте ги, па ставете го ролатот во измастена и избрашнета тепсија.
Печете 10 минути во рерна загреана на 200 степени. Кога ќе се испече, завиткајте го во влажна крпа и оставете да се лади.
Изматете ја хоплата и заедно со џемот премачкајте го ролатот и оставете да отстои.
На крај, премачкајте го со чоколадото кое претходно сте го истопиле со хоплата. Посипете со кокос и оставете да се олади.
Наздравје!Потребни состојки:
100 грама брашно
100 грама шеќер
1 лажица густин
1 лажичка прашок за пециво