За само 17 дена, „Брзи и бесни 7“ ја надмина заработката од една милијарда долари во светски рамки.Ова е најкусиот рок во кој еден филм досега има остварено волку огромна заработка. „Брзи и бесни 7“, го урна рекордот кој претходно го држеа филмовите „Одмаздници“, „Аватар“ и „Хари Потер и реликвиите на смртта: Втор дел“ – кој оствари заработка од една милијарда долари за 19 дена од премиерното прикажување.
Со новото продолжение, целиот серијал на „Брзи и бесни“ досега има остварена заработка од 3,39 милијарди долари во светот.
„Неверојатно сме горди што Брзи и бесни котираат високо во франшизата за акциони филмови, што се рефлектира со вакви резултати“, изјави претседателот на „Доместик Дистрибјушн“ Ник Карпу.
Тој додаде дека очекува гледаноста и заработката на филмот да пораснат во наредните неколку недели.
Ова е најкусиот рок во кој еден филм досега има остварено волку огромна заработка. „Брзи и бесни 7“, го урна рекордот кој претходно го