Брзи и гласни – Нова сезона на Дискавери каналот

Серијалот „Брзи и гласни“ ни се враќа на малите екрани со нови епизоди со уште поголеми возбудувања и неконвенционална динамика на класичните олдтајмери. Генијалецот Ричард Роулингс и механичарското чудо Арон Кауфман ги пребаруваат зафрлените места во Тексас и околните држави за да пронајдат и купат заборавени и напуштени класични автомобили кои потоа ќе ги реновираат во нивната гаража во Далас.Некои од работите во кои најмногу ќе уживате, помеѓу другото го вклучуваат и автомобилот Апачи, стара и зарѓавена крнтија која ја реставрираат и ја обогатуваат со посебен дизајн и заработуваат доста на аукцијата на која го продаваат. Ќе ја гледате и госпоѓата која својот автомобил сака да го продаде само по цена која нејзе и одговара. Но времето е пари, и колку побрзо работат, толку побрзо ќе го продадат.
Можат ли овие мајстори да ги оспособат автомобилите на време за следната аукција, и дали нивниот труд ќе им се исплати?
На 7 март во 21 часот ќе се емитува првата епизода од новата сезона на „Брзи и гласни” на Дискавери. Дали нашите ќе можат да се справат со германскиот мотор на мини-автобусот на Фолцваген?
Некои од работите во кои најмногу ќе уживате, помеѓу другото го вклучуваат и автомобилот Апачи, стара и зарѓавена крнтија која ја реставрираат и ја

Пронајдете не на следниве мрежи: