Брзи избори за излез од кризата

Политичката криза удри врз економијата. Народната банка регистрира пад кај странските директни инвестиции, Државниот завод за статистика измери негатива кај индустриското производство, компаниите се жалат на неизвесност во работењето, а хотелиерите стравуваат од последици врз туризмот. Пораките се единствени – брза разрешница на политичките нестабилности за враќање на старите патеки, пишува Лидер.Негативните ефекти веќе се чувствуваат на локално ниво, општините бараат брзи избори, локални и парламентарни.
-Не треба граѓаните, општините и целата земја да бидат заложници на една група политичари кои не и мислат добро на суверена и независна Македонија, вели градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски.
-Народот нека каже кој е во право, а кој не е,  вели градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.
Инвеститорите резервирани, чекаат разрешница!
Резервирани се и инвеститорите, чекаат политичка разрешница за носење на крупни одлуки кои треба да значат и нови работни места. Податоците на Народната банка на Репиублика Македонија покажуваат дека во првите два месеца од годинава има одлив на странски инвестиции од 12,84 милиони евра.
-Ризиците од домашните политички случувања и понатаму постојат и се изразени, објаснува Народната банка.
Ваквите трендови ги потврдуваат и самите странски инвеститори.
-Потребно е многу брзо решение за актуелната политичка криза, која силно се пресликува врз стопанството, вели директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија, Патрик Мартенс.
Државната каса во добра кондиција
Добро е што засега државната каса е во добра кондиција. Министерот за финансии, Кирил Миноски тврди дека буџетот е ликвиден, а ваквиот став го делат и економистите.
-Фајненс Тинк (Finance Think) проценува дека во моментот ризикот од недостиг на средства во буџерот за алиментирање на проектираните обврски е низок, односно редовното сервисирање на буџетските исплати не е загрозено, велат од овој институт за економски истражувања и политики.
Сепак, се препорачува да се внимава во управувањето со јавните финансии, бидејќи влошувањето на политичката состојба може и нагло да ја влоши кондицијата на буџетот.
Оттука и не треба да изненадуваат ставовите за брза разрешница на политичката криза преку нови избори, кои ќе гарантираат стабилност на економијата на еден подолг рок и ќе ги релаксираат стопанскит текови. Клучно ќе биде потоа да се формира стабилна влада.
„Политичката ситуација стана уште покомплицирана по спроведувањето на изборите во декември 2016 година. И да се формира влада, таа нема да биде стабилна и нема да може да биде носител на реформски процеси, а кризата нема да се разреши“ – соопшти неодамна агенцијата „Стандард и Пурс“.
Пад на индустриското производство
Пад има и кај индустриското производство. Негативата во првите три месеци од годинава изнесува 1,5% во однос на лани. Пад од 0,9% има во март, како резултат на послабите остварувања во рударството, преработувачката индустрија, снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
-Политичката нестабилност е еден од главните фактори за намалување на стопанскиот раст на која било економија. Тоа се случува и во најразвиените земји, а се случува и кај нас, вели претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров.
-Потребна е што побрза разрешница, бидејќи стопанството и приватниот сектор не можат да функционираат во услови на нестабилност и несигурност, потребна е одредена предвидливост и извесност, вели извршниот директор на Сојузот на стопански комори, Митко Алексов.
Се стравува за туристичката сезона
Се стравува и за туристичката сезона. Угостителските работници се исплашени дека последните случувањата можат негативно да влијаат врз целата сезона, иако засега се чини дека сме далеку од такво сценарио.
-Постои загриженост кај странските тур – оператори за политичките случувања во земјава. Сепак, нема никаква препорака да не се патува во Македонија. Букирањата се зголемени и се надеваме дека тој тренд ќе продолжи. Загрижени се сите, но мислам дека сè ќе се реши во најбрз можен рок, а ние својот дел од работата дефинитивно ќе го завршиме, вели Асим Меѓедовиќ од „Фибула“.
Надлежните се возмемирени, бидејќи изминативе сезони се повторуваат заканите од политичките случувања.
-За жал, изминативе три години на почетокот на секоја туристичка сезона ни се случуваат немили настани кои во дадена мера доведуваат до одредено откажување на аранжмани од западноевропските земји, можеби не во значителна мера, но тоа е исклучително важно не само за одвивањето на туристичката сезона, туку и на развојот на туризмот во идните години, вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Туристичките работници велат дека ги трпат последиците од политичката нестабилност, бидејќи овој сектор е многу ранлив на случувањата, без разлика дали се работи за политичка, безбедносна или бегалска криза. Резултатот е откажани аранжмани и помалку гости, а со тоа и помалку приходи во земјава.
Туристичките работници велат дека овој сектор има голем потенцијал за раст, но е неопходна политичка стабилност.
-Ние мислиме дека во наредните 5 до 6 години можеме да стигнеме до 4 или 5 милиони странски гости во Македонија ако се продолжи со оваа динамика на развојот на туризмот, со организирање на евтините летови, потоа ако се продолжи со субвенциите за промовирање нови дестинации, нови туристички гости да се носат во Република Македонија, вели првиот човек на туристичко – угостителската комора при ССК, Аркан Керим.Негативните ефекти веќе се чувствуваат на локално ниво, општините бараат брзи избори, локални и парламентарни.
-Не треба граѓаните, општини

Пронајдете не на следниве мрежи: