БРЗИ КРОФНИЧКИ

Посипете со шеќер во прав, ставете прелив одозгора и уживајте!Потребни состојки:
За тесто:
3 јајца
200 мл јогурт
1 ванилин шеќер
пола лажичка сол
2 супени лажици шеќер
16 лажици брашно
и уште:
300 мл масло (за пржење)
30 гр шеќер во прав
30 мл чоколаден прелив
Подготовка:

 
1. Изматете ги 3-те јајца и чаша јогурт, додадете ванилин шеќер и 2 лажици шеќер и се заедно кратко изматете. Потоа додадете 16 лажици брашно, прашок за пециво и половина лажичка сол. Изматете во тесто. Може и со лажица а може и со миксер.
2. Загрејте го маслото на среден оган . Мало кафено лажиче натопете го во масло, па со него вадете делови од тестото и ставајте ги на загреаното масло. Се пржи релативно кратко, малку од една малку од друга страна, да поуменат и надојдат. Иако не треба да се чека тестото да стаса, не е лошо да почекате 10-тина минути, за јогуртот и прашокот за пециво да реагираат, таман додека маслото да се загрее.
3. Пржените крофнички извадете ги на кујнска салфетка да се исцедат од вишокот масло. Исцедени, пред да ја вадите новата тура, префрлете ги во сад за сервирање и посипете со шеќер во прав и прелијте со чоколаден прелив.
Добар апетит!Потребни состојки:
За тесто:
3 јајца
200 мл јогурт
1 ванилин шеќер
пола л

Пронајдете не на следниве мрежи: