Подгответе превкусни крокети со туна!Потребно е:
* 3-4 компири (поголеми)
* 4 супени лажици путер
* 1 кафена лажичка лук во прав
* 150 г туна од конзерва
* 1/2 кромид
* малку свеж магдонос
* 70 г кашкавал
* 70 г брашно
* 3 јајца
* 100 г презли
* малку сол и црн пипер
* масло за пржење
Подготовка:
Сварете ги компирите и изгмечете ги како за пире. Додадете го путерот, лукот во прав, сол и црн пипер по вкус и добро измешајте.
Потоа додадете ја добро исцедената туна, ситно исечканиот кромид, ситно исечканиот магдонос и изренданиот кашкавал. Добро измешајте.
Откако компирот ќе се олади, додадете и едно јајце во смесата и повторно измешајте, а потоа формирајте мали топчиња со големина на орев.
Наредете ги топчињата на послужавник и ставете ги 10-15 минути во фрижидер.
Подгответе ги за похување, со тоа што прво добро ќе ги извалкате во брашно, па потоа во изматено јајце и на крајот, во презла. Можете во јајцето и во презлата да додадете уште малку сол или некои други зачини.
Вака подготвени, можете крокетите да ги замрзнете со тоа што прво ќе ги замрзнете на послужавник, за да не се допираат, а потоа можете да ги соберете во ќеса или кутија. Пржете ги во поголема количина на врело масло (најдобро во фритеза).Потребно е:
* 3-4 компири (поголеми)
* 4 супени лажици путер
* 1 кафена лажичка лук во прав
* 150