Брзи ролати од лиснато тесто

Ќе ви требаат околу 40 минути за да го подгответе ова јадење, кое е за 4 особи.Состојки:
– 1 пакување лиснато тесто
– 4 лажици павлака
-150 грама сланина
– 6 листови кашкавал за сендвичи
– 5 лажици ситно сирење
– 6 варени јајца
– 10 маслинки
– 1 јајце

 
Упатство за подготовка:
Таблите на лиснатото тесто треба да се оформат до дебелина од пола центиметар. Потоа филувајте на следниот начин: намачкајте павлака, наредете ги парчињата сланина едни покрај други, врз нив ставете кругови од сварените јајца и потоа ставете ги листовите кашкавал. Сето тоа премачкајте го со ситното сирење, повторно ставете сланина, врз неа кругови од варените јајца и ситно исечкани маслинки.
Полека направате ролат. Во тепсијата ставете хартија за печење и врз неа ставете ги ролатите. Премачкајте ги ролатите со јајце и ставете ги да се печат на 170 степени, околу 30 минути додека не поруменат.
Оставете ги да се изладат, па потоа исечете ги парчињата со ширина на еден до два прста.Состојки:
– 1 пакување лиснато тесто
– 4 лажици павлака
-150 грама сланина
– 6 листови кашкавал за

Пронајдете не на следниве мрежи: