Брзи, вкусни и меки…Банички со вода

Не треба многу зејтин, брзо се подготвуваат и сите ќе уживате во нив.Потребни состојки:
– 500 гр кори за пита
– 3 јајца
– 300 гр сирење
– 10 лажици зовриена вода
– 15 лажици зејтин
– 1 прашок за пециво
– малку сол
и уште
-500 мл млака вода
Начин на подготовка:

 
Подгответе го филот од јајца, зовриена вода, зејтин, сирење, прашок за пециво и сол.
Со филот, филувајте по 2 кори, завиткајте во ролат, а потоа во полжавче.
Подготвените банички ставете ги да отстојат половина час во тавче во кое има половина литар млака вода.
Пред печењето, баничките премачкајте ги со преостанатиот фил и печете на 220 С додека не добијат златно-жолта боја.
Служете ги топли.
Совет:
Доколку ви е страв да ја ставите цела количина вода во плехот, ставете само онолку колку плехот да биде прекриен со вода. За време на печењето водата ќе испари, и ќе има повеќе празен простор околу баничките, така што тие ќе бидат меки и убаво испечени.
Меки се и следниот ден.
Добар апетит!
Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, здрава храна, напитоци и диети, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МКПотребни состојки:
– 500 гр кори за пита
– 3 јајца
– 300 гр сирење
– 10 лажици зовриена вода

Пронајдете не на следниве мрежи: