БРЗО И ЛЕСНО: Подгответе вкусно пире од грашок и кремсирење!

Доколку сте во потрага по рецепт за вкусен оброк кој не бара посебни кулинарски вештини за подготвка, тогаш ова е вистинското решение за вас.Потребни состојки:
1/2 лажица маслиново масло
1/2 лажица путер
1 мал кромид
350 гр. замрзнат грашок
200 гр. кремсирење 20 гр.
ситно сецкан магдонос (или 2 лажички сув)
2 тврдо варени јајца
Подготовка:
Во тава на среден оган загрејте ги маслото и путерот. Додадете ситно сецкан кромид и пропржете 2 минути. Пото, додадете го во тавата замрзнатиот грашок, зголемете ја малку јачината на ринглата и мешајте додека да испари водата.
Префрлете ја смесата од грашок и кромид во блендер и измешајте ги добро. Потоа додадете го кремсирењето, магдонос и сол и бибер по вкус.
Мешајте уште малку. На тостер испечете ги парчињата леб. Намачкајте го пирето од грашок и кремсирење. На крај додадете тврдо варени јајца исечени на кругови.
Пријатен оброк!

Пронајдете не на следниве мрежи: