Изработена врз шасијата на „Фолксваген Буба“, со лесна алуминиумска каросерија, V2 Sagitta може да постигне дури 140км/ч и тоа со слабиот, неизменет 1.1-литарскиот боксер мотор, кој има само 24 коњски сили.
Како е тоа можно?
Благодарение на исклучително аеродинамичната каросерија, која има отпор на воздух од само 0,217 Cw. Заради споредба, „Бубата“ на чија основа е направен предметиот модел има коефициент на отпор од 0,46 Cw, значи повеќе од двојно.
V2 Sagitta настанала две години по Втората светска војна, создадена со цел проучување на аеродинамични студии на баронот Фон Кениг-Факсенфелд (Von König-Fachsenfeld), плод на рацете на генијалниот германски инженер Курт Фолкхарт, а пронајдена е неодамна во Австрија.
За да се разбере во потполност колку овој модел бил пред времето, треба да се прецизираат за споредба денешните „модерни“ автомобили. Имено, овој 66 години стар автомобил е поаеродинамичен од најновиот производ на брендот „Фолксваген“ – „Голф“ седма генерација, кој има коефициент од 0,27 Cw, како и моментно најаеродинамичниот комерцијален автомобил на пазарот – Mercedesa CLA кој има коефициент на отпор на воздухот од 0,22 Cw.
Толку за напредокот.
Извор: Високи октани. Изработена врз шасијата на „Фолксваген Буба“, со лесна алуминиумска каросерија, V2 Sagitta може да постигне дури 140км/ч и тоа со