Истражувањето за Медалот за квалитет (QUality meDAL) во Македонија покажа дека кога станува збор за киселото млеко, населението во Македонија го избра Бучен Козјак за број 1 производител на најквалитетно кисело млеко.Цирих, Скопје, 1 Септември 2014
Истражувањето за QUDAL-Медалот за квалитет во Македонија покажа дека населението во Македонија довербата ја даде на Бучен Козјак и го избра овој производител одговарајќи на прашањето “Кој произведувач произведува кисело млеко со апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар?”
Ова е резултатот на првото маркетинг истражување за QUIDAL- QUALITY MEDAL спроведено од страна на швајцарската организација за сертификација ICERTIAS.
Организацијата го мери искуството и задоволството на потрошувачите од квалитетот на производите и услугите на пазарот.
Истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL во Македонија беше спроведено во март 2014 година, на целата територија, на репрезентативен примерок од 1200 испитаници. Испитаниците се граѓани на Македонија, корисници на интернет постари од 15 години. Истражувањето беше спроведено преку интернет, со анкетен прашалник подготвен со методот CAWI-DEEPMA (Компјутерски поддржано интернет интервју – избор по подолго размислување.)
При ова истражување за Медалот за квалитет, Македонците беа прашани кои производи би ги купиле и кои услуги би ги користеле доколку би располагале со неограничен износ на пари и доколку се водат исклучиво од квалитетот кога ја прават одлуката за купување.
Целото истражување QUDAL во Македонија опфати повеќе од стотина комерцијални и некомерцијални категории (на пр. најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пејач и сл.)
Прашањата во истражувањето за Медалот за квалитет беа отворени – тоа значи дека на испитаниците не им беше понуден избор од можни одговори. Тие можеа слободно да ги наведат имињата на производителите и услужните компании кои според нив го нудат најдобриот производ или услуга повикувајќи се на своето задоволство при купувањето односно користењето на производот/ услугата.
Кога станува збор за киселото млеко, во анкетата на испитаниците им беше поставено следното прашање:
“Наведете го името на производителот или на снабдувачот на кисело млеко кој, според Вашето лично искуство и мислење, нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар:”
Најголем дел од испитаниците го дадоа следниов одговор: “Бучен Козјак”.
Многу е важно да се спомене дека истражувањето QUDAL не го мери имиџот и моќта на брендот на пазарот, туку испитаниците ги земаат предвид исклучиво своето искуство и задоволство од квалитетот на услугата и понудата на пазарот.
Методологија и избирање на примерокот
Истражувањето за Медалот за квалитет- Македонија 2014/2015 беше спроведено од страна на швајцарската организација ICERTIAS (Меѓународна организација за сертификација) на територијата на Македонија во текот на месец март 2014, со користење на онлајн анкета изработена според CAWI DEEPMA методот (компјутерски поддржано интернет интервју -избор по подолго размислување). Во истражувањето учествуваа 1200 граѓани на Македонија постари од 15 години кои користат интернет. Анкетата ја опфати целата територија на РМ.
За QUDAL
Meдалот за квалитет QUDAL (www.qudal.com) e проект на швајцарската организација ICERTIAS (Meѓународна организација за сертификација) (www.icertias.com).
Проектот QUDAL ги истражува и наградува претпријатијата (производи, услуги, медиуми, јавни личности, култура, спорт и сл.) кои нудат највисок квалитет на одредена територија – се оценува јавното мислење на населението, односно на самите потрошувачи.
Целта на проектот QUDAL е да ѝ посочи на јавноста која е важноста на квалитетот во нивниот дневен избор како и дека имаат право на највисок квалитет, како и да им го олесни и поедностави пронаоѓањето на најквалитетните производи и услуги на пазарот.
Истражувањето за Медалот за квалитет QUDAL целосно се спроведува во согласност со одредбите на „Меѓународниот кодекс за истражување на пазарот” усвоен од Меѓународната стопанска комора и Светското здружение на експерти во истражување (ЕSOMAR).Цирих, Скопје, 1 Септември 2014
Истражувањето за QUDAL-Медалот за квалитет во Македонија покажа дека населението во Македо