Буџетот скроен – Фокусот ставен на капитални инвестиции

Редовни плати во администрацијата и повисоки пензии, социјални трансфери, субвенции, зголемување на вработеноста, раст на извозот и на увозот, динамизирање на економската активност, рекордно ниво на капитални инвестиции.Министерството за финансии за 2017-та година скрои развоен буџет, со проектиран економски раст од 3 проценти, пишува Лидер.
Државата на приходната страна во година планира да собере 3 милијарди евра, што во однос на годинава претставува зголемување за 7,6 проценти, односно за нешто повеќе од 216 милиони евра.
„Вкупните даночни приходи се очекува да забележат раст од 9,5% во однос на 2016 година. Персоналниот данок треба да оствари раст од 9,3%, данокот на добивка од 16,1%, ДДВ раст за 10%, акцизата за 12,7%, царината за 2,5% во однос на годинава.
На расходната страна, државата в година планира да потроши 3,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 4,5 проценти.
„Планираните расходи обезбедуваат поддршка за домашната економија и животниот стандард, која ќе се реализира преку капитални инвестиции, субвенции, пензии и социјални надоместоци“ – вели министерот за финансии, Кирил Миноски.
Проекциите за в година се охрабрувачки. Предвидено е зголемување на просечната нето – плата за 1,8%, зголемување на вработеноста за 1,8%, раст на бруто инвестициите, јавната и приватната потрошувачка, со позитива во градежништвото, индустријата, услугите, земјоделството.
Буџетскиот дефицит во 2017 година ќе изнесува 302,5 милиони евра, односно 3 проценти од БДП.
Капиталните инвестиции – двигатели на растот
Во буџетот за 2017 година е предвидена рекордна сума за капитални инвестиции во износ од 438 милиони евра. Нешто помалку би се потрошило за плати (435 милиони), а речиси 319 милиони евра се за стоки и услуги.
„Капиталните инвестиции се планирани на рекорден износ од 26,95 милијарди денари. Тие имаат приоритетно значење во креирањето на фискалната политика, подобрувањето на економските перформанси и на квалитетот на животот на граѓаните“ – вели Миноски.
Кои се клучните проекти за финансирање?
Ќе се инвестира во сите сфери.  Само во патната и во железничката инфраструктура е предвидено да се вложат 4,43 милијарди денари или 72 милиона евра.
Со парите треба да се докомплетира изградбата на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, бидејќи во 2017 веќе треба целиот Коридор 10 да биде заокружен на ниво на автопат.
Во исто време ќе продолжи да се вложува и во железничиот Коридор 10, во реконструкција на пругата, како и во изградба на првата и во втората делница од новата железничка пруга кон Бугарија на Коридорот 8.
Владата не отстапува ниту од проектот за гасификација на Македонија. Вкупно 3,48 милијарди денари ќе се вложат во енергетската и комуналната инфраструктура.
Ќе се поддржи уредувањето на технолошко – индустриските развојни зони со цел создавање подобар амбиент за привлекување нови странски инвестиции.
1,1 милијарда денари ќе се вложат во здравството, во нова опрема, во довршување на ПЕТ Центарот, во изградбата на Клиничкиот центар во Скопје и на регионалната Клиничка болница во Штип.
Цели 3,25 милијарди денари се предвидени за изградба и реконструкции на училишта, градинки, студенски домови, универзитети, спортска инфраструктура.
Што велат економистите?
За економистите нема дилема, предвиденото високо ниво на капитални инвестиции, за 20% повеќе во однос на годинава, дава основа за економски развој на земјава.
„Капиталните вложувања се основа за понатамошен раст на економијата, развоен модем на целокупната економија“ – вели универзитетскиот професор, Сашо Кожухаров.
Сепак, економистите предупредуваат при правењето ребаланс да не се крати од капиталните инвестиции, како и да се зголеми реализацијата.
Од Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think“ велат дека проектираниот раст на економијата е разумен, имајќи предвид дека со претстојните избори може да дојде до делумна, но не и целосна разрешница на политичката криза.
Според нивната оценка, нивото на капиталните расходи е проектирано на солидно ниво, но не треба да се крати во текот на годината.
„Апелираме износот на капиталните расходи да не се намалува во текот на годината, за да се стекне реална слика за намерата на владата овој износ да го зголемува“ – велат од „Finance Think“.
Предлог – буџетот в среда во Собрание
Предложената државна каса за 2017 в среда ќе се најде пред пратениците. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се со различни мислења. Според опозициската партија, предлог – буџетот е нереален и економски нелогичен.
„Владата понуди нереален буџет што не може да се оствари“ – вели пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Но, пратениците од мнозинството не се согласуваат со ваквите тврдења.
„Нашите проекции се дека буџетот е остварлив. За нас е тој развоен, бидејќи предвидува раст на БДП од 3%“ – вели Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова укажува дека во Законодавниот дом претстои интересна дебата за предложената државна каса за 2017 година.Министерството за финансии за 2017-та година скрои развоен буџет, со проектиран економски раст од 3 проценти, пишува Лидер.
Државата на при

Пронајдете не на следниве мрежи: