Грција и Бугарија годинава доминираат пред европските метрополи за пречекот на Нова година. Од европските дестинации годинава најатрактивни се Истанбул, Виена, Прага и Милано. Сепак, мнозинството од граѓаните на Македонија ќе останат да ги прослават новогодишните празници во државата – дел во своите домови, дел во рестораните или на плоштадите, пренесува МИА.Аранжманите за соседна Бугарија се движат од 100 до 150 евра за три ноќевања, додека за Грција во зависност од тоа дали се работи за две или за три ноќевања цените се од 75 до 125 евра.
За разлика од овие две соседни држави, оние граѓани кои ќе решат да ги поминат новогодишните празници во некоја од европските метрополи ќе треба да одвојат од 150 до над 350 евра во зависност од дестинацијата, бројот на ноќевањата и што се е вклучено во аранжманот. Најевтини се аранжманите за Истанбул и Букурешт, по што следуваат оние за Виена, Прага и Милано. Најскапи се оние за Малта и Дубаи кои достигнуваат цена и до 600 евра.
Од туристичките агенции велат дека интересот за европските дестинации е значително намален од изминатите години за сметка на Бугарија и Грција поради пониската цена на аранжманите што се нуди за овие две држави.
– Доминира Бугарија со зимските центри Банско, Боровец и Сандански. За сметка на Бугарија, за европските градови заинтересираноста е помала, велат од туристичката агенција „Пет“.
Причина за намалениот интерес за европските градови се и неодамнешните терористички напади во Франција, која одлучи да организира дочек на Новата година, но без огномет.
Охридско-струшкиот регион и Маврово и годинава ќе бидат место каде дел од македонските граѓани кои имаат станови или викендици ќе го поминат овој прв продолжен викенд од Новата година.
За прослава во рестораните, пак, граѓаните ќе треба да платат од 1.500 до 3.000 денари, а доколку се одлучат Новата година да ја прослават на плоштадите ќе биде организирана богата новогодишна програма.Аранжманите за соседна Бугарија се движат од 100 до 150 евра за три ноќевања, додека за Грција во зависност од тоа дали се работи за две или за три